Жаргонски збор - категорија

фелна повеќе

мн. фелни
Вид збор: Именка, женски род
Дел од тркалото врз кој се монтираат гумите.
Англиски: rim Германски: Felge
Примери:
алуминиумски фелни

фротирка повеќе

мн. фротирки
Вид збор: Именка, женски род
Крпа за бришење од фротир.
Англиски: terry towel
Примери:
Излезе од бањата завиена во голема розова фротирка.

фура повеќе

(се) фураат
Вид збор: Глагол, несвршен
носи, транспортира, вози, шири
Англиски: carry, distribute Германски: fahren
(се фура) се облекува, носи
Англиски: carry, wear
се занесува, си замислува
Англиски: carry away
Примери:
Сега се фурам дека милото мое ќе ме остави.
д - к - м - н - п - с - т - ф - ц - ш